Ова е планинско село на надморска височина од 850 метри и се наоѓа над браната Калимаци, на левата страна над кањонот на реката Брегалница. Од градот Виница е оддалечено 20 километри, а од градот Македонска Каменица — 8 километри.
Според бугарот К’нчов Калимаци во 1900 година имало 600 жители Македонци[3], од кои 425 биле муслимани а 175 христијани.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]
Во 1971 селото имало 731 жител Македонци. Во 1981 бројот на населението бил 535 жители, а во 1991, 350 жители. Според пописот од 2002 година во Калиманци живееле 239 жители, Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 96 жители, од кои 93 Македонци и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови во селото: Чаловци (10 к.), Стаменковци (10 к.) Маниловци (7 к.), Каменарци (4 к.) и Мртвачи (4 к.) за Стаменковци се знае дека се доселени од селото Безиково, а останатите родови возможно е да се староседелски; после 1912 година во Калиманци се населиле голем број на македонски жители. Од Безиково се доселиле (27 к.), од Дулица кај Македонска Каменица (27 к.), од Саса кај Македонска Каменица (10 к.), од Грљани (8 к.), од Пресека (6 к.), и од Вратиславци, Делчевско (3 к.).[12]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 321 и 322 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месна заедница.[13]
Во селото има голем број археолошки наоѓалишта од римскиот период и средниот век.[15]
Велогат — населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на маалото Игнатевци, во нивите на М. Митев се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал, а се забележуваат и темели од објекти.
Виничка Скала — населба од доцноантичкото време. На 500‡600 м северозападно од наоѓалиштето Остовец се констатирани остатоци од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.
Манастириште - Студењак — населба од римското време. На 3 км северно од стариот пат Кочани-Делчево, во нивите на семејствата Зоеви и Илкови се наоѓаат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. На почетокот на педесеттите години биле откриени две женски статуи — каријатиди од крупнозрнест мермер кои се чуваат во Заводот и музеј во Штип.
Остовец — средновековна црква. Недалеку од Калиманци, на левата страна од стариот пат Кочани-Делчево, на зарамнето плато пошумено со багремови дрвја се наоѓаат остатоци од ѕидови на црква со мали димензии.
Русалски Гробишта — некропола и тумул од железното време. На 500 м јужно од училиштето во правецот на Јуручко маало, на терасесто плато се гледаат конструкции од дваесетина гроба распоредени во круг кој формира основа од тумул со пречник од околу 5 м и височина од 0,80 м. Гробовите се градени од камени плочи и се поставени во правците исток-запад и северозапад-југоисток
Царевец — населба и некропола од римското време. На ниските тераси околу плодното и не многу големо Калиманско Поле, во месностите Кунец, Поревица и Вртен Даб се среќаваат остатоци од градби, а по површината многубројни фрагменти од керамички садови со сива боја. Северозападно од месноста Кунец, на малата височинка Горица е констатирана некропола.
Цинцов Рид — населба од римското време. Се наоѓа во Паднато Маало што лежи меѓу наоѓалиштето Манастириште и патот Кочани-Делчево. Во нивите се среќаваат фрагменти од атипична керамика и од тули со римска форма.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“