Директива за идната дејност на ОрганизацијатаДиректива за идната дејност на Организацијата со Упатства кон Директивата се програмски документи кој произлегле од радикално-реформската струја[1][2][3] на Македонската револуционерна организација. Софиските советувања
По Илинденското востание во Софија се одржале првите повостанички советувања на Организацијата. Овие средби се случувале од декември 1903 до февруари 1904 година, на нив учествувале истакнати раководители, војводи и началници, главно прашање кое било разгледувано е каков да биде правецот на делување по неуспешното востание. На овие советувања дошло до оформување на две гледишта, од кои подоцна ќе прозлезат две струи. Едната концепција била претставена од Христо Матов, кој се залагал за зачувување на централистичкиот принцип, а другата струја се залагала за децентрализација и демократизација на Организацијата. На овие советувања преовладува концепцијата за децентрализација и демократизација предводена од серчани [4], отука произлегла Директивата за идната дејност на Организацијата со Упатства кон Директивата. Директивата за идната дејност на ОрганизацијатаОвие документи биле изработени од страна на една комисија во која влегле Димо Хаџи Димов, Димитар Мирасчиев и Димитар Стефанов. Директивата претставува прва пишана програма, политичка декларација за карактерот, структурата и целите на Македонската револуционерна организација. Во неа се одразени погледите на струјата која се залагала за децентрализација на Организацијата. Директивата се состои од III одредби кон кои се придодадени упатства за спроведување на самите одредби, додека пак упатствата се состојат од 12 точки во кои се истакнати самостојноста, независноста и демократијата како основни фактори за дејствување по Илинденското востание. Одредба I
Одредба II
Упатства
ЗначењеДирективата не била обврзувачки документ меѓутоа таа имала големо влијание во понатамошните случувања во самата Организација, а овој документ ќе биде основата околу кој ќе се обедини и дејствува реформската струја. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia