Подземна републикаПодземна република, Тајна република или Држава во држава — епитет на Македонската револуционерна организација, која во текот на своето постоење и дејствување кон крајот на XIX и почетокот на XX век во рамките на Отоманското Царство успеала да создаде паралелни институции на власт. На териториите на Македонија и Одринско почнал да егзистира еден нелегален политички паравоен субјект кој преку своите институции и акти ја остварувал својата цел и волја меѓу христијанското и нехристијанското населението со што се ограничувала јурисдикцијата на самата империја и се загрозувало турското владење во овој дел на Балканот. Псевдонимот Подземна република (An Underground Republik) е употребен од страна на Даме Груев во интервјуто со еден анонимен шкотски новинар во неговата статија за Организацијата во списанието Blackwood’s Magazine',' во текот на неговата посета на Македонија [1], а истиот псевдоним е употребен и од страна на американскиот новинар Алберт Сониксен, авторот на делото Исповед на еден македонски четник [2] Паралелна власт
An Underground RepublicВо февруари 1906 година Дамјан Груев ја обиколувал Македонија и во кратовските планини имал средба со еден шкотски новинар кој бил дописник на единбуршкото списание Blackwood’s Magazine. Овој новинар средбата ќе ја објави во споменатото шкотското списание под наслов An Underground Republik. Во текстот анонимниот шкотски новинар истакнува дека при неговиот престој на организиската територија имал доживување како да се наоѓа на територијата на една слободна подземна република каде турската власт немала никакви ингеренции, а таквиот впечаток бил потврден и од самиот Даме Груев кој истакнал:
Тајна републикаВо текот и по Илинденското востание, северноамериканскиот печат ги коментирал настаните во Македонија. Меѓу многубројните статии посветени за македонското националноослободително движење особено е интресен прилогот на американскиот новинар и публицист А. Д. Хаурен Смит кој бил посветен на Македонската револуционерна организација и во кој се истакнува дека:
Држава во државаИталијанскиот печат постојано ги следел настаните во Македонија пред и по Илинденското востание, особено во тоа предничел весникот Avatni кој постојано го следел и коментирал македонското националноослободително движење, треба да се истакне статијата на О. Моргари под наслов Oriente in Fiamme објавена на 8 септември 1903 година во овој весник и притоа било истакнато:
ИнституцииМакедонската револуционерна организација од своето основање па сè до кревањето на Илинденското востание успеала на голем дел од територијата на Македонија и Одрин да инсталира организациска мрежа и свој институции преку кој успала да ја остварува својата волја меѓу населението. Една од првите институции е Централниот комитет кој бил главен извршен орган, постепено почнале да се формираат и други окружни и околиски комитети. Истовремено со формирањето на комитетите се започнало со создавање на паралени институции на власта. Уште во првите години биле создадени Тајна полиција и Тајна пошта како и терористички групи кој дејствувале како извршен орган [5]. Треба да се истакне дека поштата на организацијата била подобро организирана отколку редовната пошта на Отоманското Царство. Писмата кои организацијата ги испраќала од Солун за Софија пристигале следниот ден [6][7]. Паралелно со тоа Организацијата почнала да собира и финансиски средстава од населението со што почнала да ја неметнува и своја даночна политика, имено за добиените пари организацијата давала расписка (сматка) со печат на ЦК, а одземените пари требало да се вратат на населението по ослободувањето на Македонија. Со текот на времето се поставило прашањето за создавање на едно тело кое надвор од границите на Отоманското Царство ќе ги застапува интересите на Организацијата и на Солунскиот конгрес од 1903 година е донесена одлука за формирање на Задграничното претставништво кое започнало да егизстира како амбасада на самата Организација [8]. Голем исчекор е направен кога во првата половина на 1897 година се започнува со формирањето на првите вооружени чети кои постепено никнале на целата територија на Македонија со што силно била загрозена власта на Отоманското Царство и Организацијата вистински започнала да ја наметнува својата волја и власт на добар дел од турската територија на Балканот [9][10]. Уште во самиот почеток Организацијата започнала со воспоставување на паралелна судска власт која во почетокот се однесувала на самата МРО и воопшто на македонското националноослободително движење, биле регулирани односите и постапки на членовите како и на останатаото население кон револуционерното дело. Меѓутоа постепено Организацијата започнува да го убедува неселението да ги бојкотира турските судови и на територијата која била под контрола на Организацијата, почнале да се формираат граѓански судови кои се занимавале со дела и споровите меѓу населението кој не ја тангирале самата Организација.
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia