Црква „Св. Пантелејмон“ - Солун
Свети Пантелејмон (грчки: Ναός Αγίου Παντελεήμονα) — доцновизантиска црква во Солун, Егејска Македонија, прогласена за светско наследство на УНЕСКО.[1] Сместена е во источниот дел на стариот град, близу Гробницата на Галериј („Ротонда“), на раскрсницата на улиците „Јасинуду“ и „Аријану“. Посветена е на Св. Пантелејмон дури по Отоманското владеење во 1912 г. а првичното име сè уште е спорно. Во 1548 г. црквата е претворена во џамија и нарчена „Исакова џамија“, поради што повеќето стручњаци сметаат дека постои непосредна поврзаност доцновизантискиот манастир „Богородица Привлепта“ или „Исаков манастир“[2], наречен по неговиот ктитор — солунскиот митрополит солунски митрополит Јаков (1295-1315), кој се замонашил под името Исак. Другото гледиште е дека оваа врска не постои, туку дека црквата е претворена во џамија околу 1500 г. и наречена по солунскиот кадија Ишак Челеби[3]. Сепак, архитектонските особеини и живописот од XIII и почетокот на XIV век одат во полза на првото толкување. По градба, четворен крстосводен тип, со припрата (нартекс) и (денес непостоечки) трем меѓу двата параклиса, кои се зачувани. Зачувано е многу малку од некогашниот фрескопис поради варосувањето при пренамената во џамија. Од османлискиот период е зачувана основата на минарето и мермерниот шадрван. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia