Црква „Св. Илија“ - Солун
![]() Свети Илија (грчки: Ιερός Ναός Προφήτη Ηλία) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3] ИсторијаЦрквата е сместена на рид во Горниот Град, на раскрсницата на улиците „Олимпија“, „Јоанис Варвакис“ и „Профитис Илијас“. Изградена е во втората половина на XIV век. Веројатно првобитно била посветена на Христос и била манастирска, можеби на Акапинскиот манастир поврзан со династијата Палеолози. По османлиското освојување на Солун во 1430 г. храмот веднаш е претворен во џамија од Бадра Мустафа-паша и го добила името Ески сарај[4] или Сарајли-џамија.[5] Откако градот потпаднал под Грција во 1912 г. храмот е вратен како црква и го добил денешното име, можеби поради погрешното толкување на турското име.[1] АрхитектураХрамот е импресивна градба во типичнииот солунски светогорски стил застапен кај манастирските цркви. Има корсовиден облик со голема главна купола со пречник од 5,5 м, а на север и на југ се оформени широки и високи полукружни конхи. Има уште четири мали простории со куполи, а на запад има простран правоаголен нартекс со четири столбови, на чиј покрив има две нови куполи. На западната и делумно на северната и јужната страна има отворен трем.[1] Отмената ѕидарија е нетипична за Солун и е преземена од цариградската архитектура.[6] ЖивописВнатре има зачувано неколку изворни фрески кои датираат меѓу 1360 и 1380 г. Тие се истакнуваат со високиот квалитет на изведба — невообичаено чувство за реализам и длабочина на сцените, интензивно движење и видливи емоции на фигурите.[1] Овој доцнопалеолошки стил извршил силно влијание врз српскиот средновековен живопис.[7] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia