Црква „Св. Катерина“ - Солун
Света Катерина (грчки: Αγίας Αικατερίνης) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3] Историја![]() Храмот се наоѓа во северозападниот дел на Горниот Град. Подигнат е на крајот од XIII или почетокот на XIV век, но не се познати точната година и точниот светец на кој бил посветен. Судејќи по внатрешните укарси во фрегменти, датира од околу 1315 г., и постои претпоставка дека бил црква на манастирот „Христос Седржител“.[4] По падот на Солун во рацете на Османлиите за време на Бајазит II, црквата е претворена во муслимански храм и го добила името Јакуп-пашина џамија (турски: Yakup Paşa Camii).[5] По потпаѓањето на Солун под грчка власт во 1912 г. црквата е посветена на Света Катерина.[1] Градбата има сложен четворен крстовиден план, со пет куполи и затворен надворешен трем кој води на исток во жртвеникот и ѓаконикот — денешниот параклис „Св. Ефимија“. Во конхата на жртвеникот се зачувани фрески на јерарси и апостоли. Во куполата има пророци и ангели околу Христос Седржител. Во северозападната купола е Христос Емануил.[1] Во главниот храм се зачувани фрески на Христовите чуда — Свадбата во Кана, Исцелувањето на фатениот, на слепите, на лепрозниот, смирувањето на езерските води, и на разговорот на Исус со Самарјанката. Има и стари фрески со светци и испосници. Претпоставката дека бил посветен на Христос Седржител се должи на застапеноста на подробни сцени од житието на Христос.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia