Црква „Св. Апостоли“ - Солун
![]() Свети Апостоли (грчки: Αγίων Αποστόλων) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3][4] МестоположбаЦрквата се наоѓа на почетокот на улицата „Олимпос“, на истоимениот плоштад „Свети Апостоли“ близу западните градски ѕидови и урнатата Литиска порта.[4] ИсторијаХрамот е изграден меѓу 1312 и 1315 г. од патријархот Нифонт I (1310 – 1314) како црква на машкиот манастир „Пресв. Богородица Скоропослушница“. Основачот е спомнат на надвлезниот натпис како „Πατριάρχης και κτήτωρ“ („Патријарх и ктитор“) и на керамопластичните натписи на западниот и јужниот ѕид. Натписот на источниот ѕид ги споменува истиот патријарх и неговиот ученик, игуменот Павле како прв и втор ктитор на манастирот.[4] Иконографијата во храмот е со висока уметничка вредност.[1] За време на османлиското владеење црквата е претворена муслимански храм под името „Соук-су џамија“.[5] Живопис
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia