Црква „Св. Никола Сирак“
![]() Свети Никола Сирак (грчки: Ναός Αγίου Νικολάου Ορφανού) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3] ИсторијаСпоред живописот, цркцата се датира меѓу 1310 и 1320 г. Денес црквата претставува еднособна градба со дрвен покрив и два параклиса. Фреските се сметаат за ремек-дело и се меѓу најцелосно и најдобро зачуваните во Солун. Меѓу другото, на нив е претставен животот на Свети Никола, некои од чудата на Христос, житието на Свети Герасим и други. Капителите се живописани. Фреските се откриени во 1957 - 1960 г. во текот на реконструктивните работи.[1] Фрески
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia