Црква „Св. Спас“ - Солун
Свети Спас или Свето Преображение (грчки: Ιερός Ναός Μεταμόρφωσης του Σωτήρος) — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3][4] ИсторијаЦрквата е сместена на аголот на улиците „Егнатија“ и „Герман Патраски“, меѓу храмовите „Рождество на пресв. Богородица“ („Богородица Скоропослушница“) и „Сретение Господово“. Според монетата откриена во куполата, црквата е изградена околу 1350 година. Од малиот оловен кивор од времето на осветување се гледа дека црквата првично била посветена на Пресвета Богородица. По заземањето на градот од Османлиите во 1430 г. црквата била една од малкуте кои не биле претворени во замии, поради малите димензии и бидејќи била сместена во двор во христијанското маало Панагуда.[1] АрхитектураГрадбата е од реткиот четириконхален тип — со четири симетрични покукружни ниши, од кои источната е апсида, внатрешно шестаголна. Во 1936 г. на западната страна е дограден нартекс. Наосот е покриен со голема висока купола на осумаголен барабан, украсен со наизменични лакови и тулени полустолбови. Ѕидана е од ќерпич, со камен на основања и тули во горниот дел. Под подот на северната и јужната конха, нартексот, како и околу храмот се откриени гробници, што укажува дека веројатно била гробишен нхрам.[1] ЖивописВнатре се зачувани фрески кои датираат меѓу 1350 и 1370 г. Во куполата е претставено Вознесението Христово, а во соседното подрачје следува Света Богородица со Апостолите и Сонцето, Месечината и персонификации на ветровите. Меѓу прозорците на куполата се насликани осум пророци, а при основата е Светата Литургија со епископи, ѓакони, певци и верници.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia