Извор (Кумановско)
Извор — село во Општина Липково, Кумановско. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Жеглигово, во сливното подрачје на Липковска Река, делумно заезерена со акумулацијата Глажња. Атарот е планински, со површина од 5,8 км2[2] Од источната страна на селото минува регионалниот пат Опае - Злокуќане (Р29272) кој води до граничниот премин за Косово. ИсторијаСелото е спомнато се спомнува во Првата архилевичка грамота од 1354/5 г. како дар на деспотот Дејан за црвата во Архилевица. Во 1378-9 г. наследниците на Дејан, Јован и Константин Драгаш, ја дарувале црквата во Архилевица со сите нејзини имоти на манастирот Хиландар на Света Гора.[3] На крајот од XIX век Извор било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Извор имал 160 Арнаути муслимани.[4] СтопанствоИзвор има скромно земјоделство. Од вкупната површина на атарот, 347 ха се шуми, 163 ха се обработливо земјиште, а само 57 ха отпаѓа на пасишта[2] Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[5] Во 1950-тите и 1960-тите, Извор бил населен претежно од Турци, Албанците биле малцинство (17,9 % во 1953, а 12,4 % во 1961 г). Ова се сменило во текот на наредната деценија, која Турците целосно се иселиле, а на нивно место се доселиле голем број Албанци. Сепак, во 1970-тите населението (сега целосно албанско) доживеало голем пад, кој продолжил сè до денес. На пописот од 2002 година, селото имало 4 жители. Во 2002 година, селото имало 4 жители, сите Албанци. Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, сите Албанци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Личности
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia