Селото се наоѓа од левата страна на Липковска Река, чиј еден дел е потопен од езерото Глажња. Лежи на надморска височина од 580 м[3] Најсеверниот дел на атарот се граничи со Општина Гнилане во Косово.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[10]
Иако во минатото Думановце било село со постојан раст на населението (речиси сите Македонци), во поновиот период е меѓу селата со најголем одлив на населението во земјата. Бројот на населението доживеал огромен пад во текот на 1970-тите години, од 605 жители во 1971 г. на само 30 жители во 1981 г.[11] Ова испразнување на селото се совпаѓа со изградбата на акумулацијата Глажња. Иселувањето продолжило и понатаму, за селото да биде сосема напуштено во 1990-тите. Според пописот од 2002 година, Думановце немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата вршени во текот на втората половина на XX век за родовите со потекло од Думановце во разни населени места. Речиси сите испитаници се лица чии предци се иселиле од селото во подамешно време.
Агино Село, Оп. Куманово — род Лопатарци, доселени од Лопате, а со подалечно потекло од Думановце[16]
Герман, Оп. Ранковце — род Ѓуринци (4 куќи), доселени околу 1839 г.[17]
Горно Коњаре, Оп. Куманово — род Думановчани (2 куќи), доселени по Втората светска војна[18]
Градиште, Оп. Куманово — род Думанци (6 куќи), доселени во турско време[18]
Долно Коњаре, Оп. Куманово — род Јаќимовиќи (1 куќа), доселени во турско време[18]
Жељувино, Оп. Старо Нагоричане — род Думановци (5 куќи), доселени во првите децении на XIX век[18]