Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во средишниот дел на општината. Теренот е рамничарски, со надморска височина од 400 м. Атарот зафаќа површина од 4,9 км2.[2] Низ Оризари минува патот Липково-Куманово (Р2133). Најблиските населени места се Слупчане на североисток, Липково на југозапад и Опае на исток.
Целото село и патот ги пресекува потокот Голем Дол, кој тече кон југоисток и завршува како притока на Липковска Река во месноста Оризиште.
Историја
Подрачјето на Оризари е населено уште од римско време, за што сведочи некрополата Беловина околу селото.[3]
Во селото работат поголем број продавници, угостителски објекти и сл. Стопанството има полјоделски карактер. Според податок од 1998 г. Оризари имало 245 ха обработливо земјиште и 224 ха пасишта[2]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
817
—
1953
915
+12.0%
1961
966
+5.6%
1971
1.282
+32.7%
1981
1.522
+18.7%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
1.847
—
2002
2.094
+13.4%
2021
1.692
−19.2%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци и 50 Роми.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.094 жители, од кои 3 Македонци, 2.064 Албанци и 27 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.692 жители, од кои 1.666 Албанци и 26 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Децата од Оризари го посетуваат недалечното основно училиште „Фаик Коница“ кое е на подеднакво растојание од Оризари и Слупчане, а најблиско средно училиште е „Исмет Јашари“ во Липково.
Исмет Јашари, наречен „Командант Куманова“ (1967-1998) — командант на УЧК, загинат во борбите со српската војска на Косово. По него се именувани разни нешта во липковскиот крај.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“