Стража — село во Општина Липково , во северниот дел на Македонија. Денес нема жители.[ 2]
Географија и местоположба
Селото е планинско, сместено под североисточната падина на Скопска Црна Гора [ 3] , до самата граница со Србија (Општина Прешево ).
На околу 500 м на северозапад од главната населба е Табак Маало, сместено на повисок дел од падината.[ 4]
Историја
На крајот на XIX век Стража било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 г. Стража се состоела од 100 „Арнаути муслимани “.[ 5]
Демографија
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 169 — 1953 171 +1.2% 1961 158 −7.6% 1971 89 −43.7% 1981 0 −100.0%
Година Нас. ±% 1991 0 0.00% 1994 0 0.00% 2002 0 0.00% 2021 0 0.00%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци .[ 6]
Иако на претходните етнографски прегледи населението е укажано како албанско (т.е. „арнаутско“), на пописот во 1951 г. тоа се води со 171 жител, од кои 162 Турци и само 9 Албанци .[ 7] Во текот на 1950-тите деценија бројот на Турци и Албанци се изедначил, веројатно поради иселувањето на Турците. Во 1971 г. Стража се свела на 89 жители — сите Албанци. Селото е целосно напуштено во текот на 1970-тите години.[ 3] Според пописот од 2002 година, нема ниеден постојан жител.[ 2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
100
—
169
171
158
89
0
0
0
0
0
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 8] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 9] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 10] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 11]
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF) . Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021 .
↑ 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 287. ISBN 9989-862-00-1 .
↑ Табак Маала (10305055) — GeoNames
↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика . София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X .
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Стража — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) [мртва врска ]
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
Надворешни врски
Грбот на Општина Липково Раселени Нови Селото Лукаре било прогласено за самостојно село во 2014 година согласно Закон, но не било вклучено во Пописот од 2021 година