Стрима е планинско село кое се наоѓа на само 9км од општина Липково. Селото се наоѓа на падините на Карадак (Скопска Црна Гора) и е сместено во северозападна Македонија до границата со Косово. Стрима допира со атарот на селата Брест на запад, Отља на исток, Р'нковце на север, и на југозапад со селата Матејче, Љубанци во општина Бутел, Радишани; последните села најмногу допираат во близина на селото Бел Камен.
Најниската надморска височина кај селото е 700 метри, додека највисоката е 1625 метри.
Историја
При крајот на XIX век, Стрима е албанско село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година, селото Стрима е населено од 140 арнаути муслимани.
Стопанство
Економијата во селото е Главно фокусирана на зачувување на шумите и добитокот, но ова село е карактеризирано и во одгледување на житни култури како пченица, пченка, јачмен, 'рж и овес.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
365
—
1953
349
−4.4%
1961
326
−6.6%
1971
305
−6.4%
1981
208
−31.8%
Година
Нас.
±%
1991
0
−100.0%
1994
98
—
2002
3
−96.9%
2021
9
+200.0%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[2]
Според пописот од 2002, Стрима има 3 жители Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите 9 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“