Еден од најстарите албански родови во селото е родот Дерњан (21 куќа). Името го добиле според поранешното место на живеење (Дерјан) во областа Мат, во северна Албанија.
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се:[9]
Албански
Староседелци:Демир (6 к.) на ислам преминале во почетокот од XIX век, во времето кога почнале да се доселуваат предците на другите муслимански родови. Сега се издаваат дека припаѓаат на фисот Гаш, но тоа не им го признаваат останатите муслимани. Поради промената на верата некои овој род го нарекуваат и Торбеши. Од овој род има иселеници во Куманово (три семејства) и во Турција (три семејства).
Доселеници:Асанови (24 к.) потекнуваат од фисот Битич (они го викаат и Бутич) во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Бислим (жив на 65 г. во 1941 година) Рамадан-Исен-Асан, последниот е роден во северна Албанија. Имаат иселеници во Скопје (три семејства), Куманово (две семејства), Батинци и во Турција (едно семејство); Дерњан (21 к.) потекнуваат од некое место Дерњан во околината на Мат во северна Албанија. Некое време живееле во Дебарско пред да се доселат во денешното село. Имаат иселеници во Скопје (пет семејства) и во Куманово (едно семејство).
Православни
Доселеници:Момиќи (2 к.) доселени се во 1921 година од Босна; Митровиќи (2 к.) доселени се од селото Барбанце во Пчиња. Овде живеат од 1924 година; Стојановиќ (1 к.) доселени се во 1927 година од Шумата Трница кај Ристовац; Близнакови (1 к.) доселени се во 1929 година од истото место како и претходниот род; Станислав (1 к.) доселени се од Магленца кај Ристовац; Антеви (1 к.) доселени се во 1934 година од Трговиште.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“