Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:
Доселеници:
Од разни села во Овче Поле: Машевци (3 к.) доселени се во 1941 година од селото Немањици; Петровци (1 к.) доселени се од селото Криви Дол во 1941 година; Тренчевци (1 к.), Бучуковци (1 к.) и Мушевци (1 к.) доселени се во 1941 и 1944 година од селото Преод.
Од Барбарево се: Коцевци (2 к.), Апостоловци (1 к.), Јосевци (1 к.), Крстевци (1 к.), Пенчевци (1 к.), Ѓоргевци (1 к.), Сарафиновци (1 к.), Дончевци (1 к.) и Ефремовци (1 к.) сите доселени во 1944 година.
Од Кратовско се: Цветановци (1 к.), Ефремовци (3 к.), Денковци (1 к.), Ѓерасимовци (1 к.) и Стаменковци (1 к.) доселени се од селото Нежилово, доселени во 1941 и 1944 година; Златановци (1 к.), Филиповци (1 к.) и Јаначковци (1 к.) доселени се во 1956 и 1957 година од селото Куново; Ѓоргијевци (1 к.) доселени се од селото Мушково во 1942 година.
Од Кривопаланечко се: Петровци (1 к.) доселени се од селото Жидилово во 1941 година; Вучевци (1 к.) и Балкански (1 к.) доселени се од селото Трново во 1942 година; Милковци (2 к.) доселени се од некое кривопаланечко село во 1956 година.[10]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1700 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
Александар Спасов - основоположник и носител на информатичка споменица
Култура и спорт
Иселеништво
Во ова село живеело разно население. Сепак најстари и најбројни биле Македонците. До 1912 година во ова село живееле следните македонски родови. Ѓоргеви, Петрушеви, Ристови, Василкови, Коцеви, Трајчеви и Илиеви. Но тие се иселиле од селото. Ѓоргеви заминале во Амзабегово. Петрушеви во Ерџелија и Скопје. Василкови во Мустафино. Во 1946/47 година во селото биле населени околу 70 семејства на Македонци од Егејска Македонија. Но тие после 1950 година почнале да се иселуваат во Штип и Велес.
Во 1922 година на местото на раселеното население се доселиле колонисти од Црна Гора, Босна, Далмација, околината на Пирот и Крагуевац. Тие брзо нараснале во селото, и го промениле името на селото во Олујиќ. Некои од колонистичките семејства се викале Антоније Милковиќ (од околината на Крагуевац), Никола Бабиќ, Саво Родиќ (од Далмација), Миле Десница, Петар Вучковиќ, Тодор Осоченко, Мичо Костиќ (од околината на Пирот). Во текот на Втората светска војна кога завладеале Бугарите со овој крај тие ги иселиле колонистите, со исклучок на тие од пиротско. Но потоа и тие заминале од селото. Потомците на колонистите денес живеат воглавно во Војводина, во Рума.
Од селото е иселено и турското население кое живеело во селото.[10]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“