Кнежје
Кнежје — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во западниот дел на територијата на Општина Свети Николе, на десната страна на Светиниколска Река. Со оглед на тоа што од самиот град Свети Николе е оддалечено само 4 километри, селото припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 390 метри.[2] Селото се наоѓа 3,5 километри југозападно од гратчето Свети Николе, сместено во сува долина. Низ долината водел некогашниот пат Велес-Свети Николе-Куманово. Жителите со вода за пиење се снабдувале од една чешма, спроведена од изворот Горни Бавчи.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Река, Градиште, Под Лозја, Горни Ливади, Мангале, Расје, Јански Рид, Велешки Рид, Чурлиново, Трнче, Канда и Гробиште.[3] Селото има збиен тип. Некои делови од селото се наречени по главните родови, како што се Пикови, Унковци, Чалевци и други.[3] Селото е поврзано со асфалтен пат директно од градот Свети Николе, а од 2021 година и со велосипедска патека. Историја![]() Покрај селото, на спротивната падина од долината се наоѓа Градиште, односно таму е сместен античкиот град Билазора. Дел од видливите ѕидини на ова градиште биле ископувани и употребувани од мештаните за изградба на куќи. И потокот во подножјето на градиштето повремено откопува грнци, гробови, стари пари и ќупови.[3] Поради поставеноста на селото на стариот пат Велес-Свети Николе-Куманово, во селото некогаш постоел голем ан, во кој можеле да се сместат и стотина патници. Анот бил затворен кон крајот на XIX век, односно кога била пуштена во употреба железницата долж Вардар.[3] Во народната традицина не е наведено кога е основано денешното село. Во него постојат македонски родови, кои потекнуваат од доселени предци. Најстари родови се Башлинци, Гочеви и Пикови, доселени на почетокот на XIX век.[3] Во ова село имало и населени Турци (10 до 20 куќи), кои во втората половина на XIX век извршиле размена со последните македонски родови од тогаш мнозинско муслиманското село Горобинци. Турците во Кнежје живееле во југозападниот дел на селото, а нивните гробишта се наоѓале во месноста Гумења.[3] Стопанство![]() Атарот зазема простор од 9,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 738 хектари, на пасиштата отпаѓаат 168 хектари, а на шумите симболични 5 хектари.[2] Селото, во основа, има исклучително полјоделска функција.[2] За време на отоманскиот период, во селото имало четири чифлици, кои ја поседувале целокупната земја, а ја обработувале Македонците. Сите сопственици на чифлиците живееле во Велес, освен еден во Штип.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кнежје живееле 360 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Кнежје имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6] Кнежје е мало село, коешто во 1961 година имало 205 жители, а во 1994 година 71 жител, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Кнежје живееле 86 жители, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 57 жители, од кои 53 Македонци и 4 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКнежје е македонско село.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:
ИселеништвоРодот Колеви се целосно иселени од селото. Иселеници има во Стањевци (Петканци), Џидимирци кај Велес (Шутевци). Од родот Портарци во 1938 година, едно семејство заминало во селото Ѓуземелци.[3] Иселеници има и во Скопје (од родовите Портарци, Маневци, Атанасови и Ордеви).[3] Самоуправа и политикаВо XIX век, Кнежје било село во Штипската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Светиниколска градска општина, во која покрај селото градот Свети Николе, се наоѓале и селата Кнежје, Нова и Стара Мездра. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1685 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[14] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[15] Културни и природни знаменитости![]()
Во околината на селото постојат три крста посветени на Св. Спас, Св. Илија и Св. Трифун Редовни настани
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia