Горно Црнилиште
Горно Црнилиште — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе. Потекло и значење на иметоВо минатото, доста често името на селото било запишувано како Големо Црнилиште.[2] Во минатото, Турците селото го нарекувале Динлер-Баала со значење „убаво село“. Сепак, Македонците отсекогаш го користеле името Црнилиште.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Свети Николе, јужно од самиот град Свети Николе, а од десната страна на Светиниколска Река.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 320 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 8,3 километри, додека од патот Свети Николе-Штип околу 3 километри.[3] Селото се наоѓа ридеста зона јужно од гратчето Свети Николе. Во негова непосредна близина на исток се наоѓа селото Долно Црнилиште. Жителите со вода за пиење се снабдувале од чешми и од бунари, северозападно од селото извира изворот Домуз-бунар.[2] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Мезарлак (Гробишта), Баларони, Доалти, Мусли-бајир, Муно-бајир, Ѓочуклер, Аткорија, Сарко-бајир, Ташлар-аргач, Куршумли-бајир, Канли-бајир, Јака Трла, Грнчар, Домуз-бунар, Карши, Дере-баа, Каса-аргач и Чурлин.[2] Селото има збиен тип и во минатото се делело на Ѓаур-маалеси во североисточниот дел на селото, како и на Реџепоско, Абишоско, Ајрулоско и Дервиш-Лиманоско Маало во останатиот дел на селото. Во првото маало живееле Македонците, додека во останатите Турците. Поради иселувањето на Турците, денес и во нивните маала живеат Македонци.[2] Селото е поврзано со асфалтен пат на регионалниот пат Свети Николе-Штип. ИсторијаПостои предание кое наведува дека некогаш Горно и Долно Црнилиште биле едно село. Според кажувањата на мештаните, тоа било македонско село, но било уништено од чума. По уништувањето на старото село, на неговото плодно земјиште кон крајот на XVIII или почетокот на XIX век биле основани две посебни села, Горно и Долно Црнилиште.[2] Денешното село било основано од четири доселени турски домаќинства, чии старешини биле Реџеп, Абдиш, Ајрула и Дервиш-Лиман. Секој од нив основал посебно маало.[2] Во XIX век, Горно Црнилиште било село во Штипската каза на Отоманското Царство. До 1912 година, селото имало над 60 турски куќи. Во периодот 1924-1928 година, половина куќи се иселиле во Турција. Други иселувања на Турците имало во периодот 1954-1956 година.[2] СтопанствоАтарот е заеднички со Долно Црнилиште, зазема простор од 21 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.531,4 хектари, на пасиштата отпаѓаат 461,1 хектар, а на шумите само 44,6 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него има земјоделска задруга и продавница.[3] За време на отоманскиот период, во селото имало беглери, кои ја поседувале целокупната земја, а ја обработувале Македонците.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Црнилиште живееле 284 жители, од кои 200 Турци и 84 Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Горно Црнилиште имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Горно Црнилиште имало 403 жители, од кои 264 Турци и 139 Македонци.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци и 100 Турци.[7] Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 488 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 358 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Горно Црнилиште живееле 345 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 373 жители, од кои 357 Македонци и 16 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГорно Црнилиште е македонско село, а до 1960-тите години во селото имало и Турци.[2] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ерџелија, во која покрај селото Горно Црнилиште, се наоѓале и селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Буриловци, Делисинци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Мустафино и Пеширово. Селото било дел од некогашната општина Амзабегово во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште и Пеширово. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1703 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Долно Црнилиште.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 364 гласачи.[15] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 357 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
Во минатото во селото постоела џамија на сретсело, од која денес не е ништо останато. ИселеништвоТурското население е иселено во Турција во два брана, едните помеѓу двете светски војни кога се иселиле околу 30 семејства, другите за време на СФРЈ.[2] Македонски иселеници има во Ерџелија (Ранчини), Кнежје (Маневци и Тошеви), Мустафино (Тесличка), Долно Црнилиште (Филиповци). Надвор од Овче Поле се иселиле Настови (1 к.) во околината на Велес, а друго семејство во самиот град Велес.[2] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia