Копришница
Копришница — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено над соседното село Дрен.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.[2] До селото се стигнува преку земјен пат во лоша состојба, кој започнува од селото Дрен. Копришница се наоѓа на ниска тераса на огранката Колниш. Во минатото, селската чешма била под селото, а многу чешми имало и во самиот атар.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Богданец, Селиште, Сливите, Јованова Лак, Бука, Џикова Лака, Плоскач и Кочиње.[3] Селото има збиен тип со разредени дворови.[3] Моментално, во напуштеното село може да се види само главната селска црква „Св. Ѓорѓи“, како и неколку преостанати куќи. ИсторијаСелото е доста старо и отсекогаш било христијанско. Во месноста Селиште, пола час одење долж Копришка Река се сретнуваат грамади.[3] До почетокот на XIX век, селото било самостојно, но подоцна бесвичките бегови на сила го одзеле, а подоцна го изнајмувале на аги од Кавадарци и Бохула.[3] Стопанство![]() Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 28,5 км2.[2] Селаните главно се занимавале со сточарство, правење на ќумур и во мала мера земјоделство. .[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Копришница живееле 90 жители, сите Македонци христијани.[4][5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6] Селото е наполно раселено по 1981 година, кога што броело само еден жител.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Копришница немало жители.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКопришница е христијанско македонско село.[3] Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
Самоуправа и политикаВо XIX век, Копришница било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Копришница, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1245 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна продавница во селото Дрен.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[13] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 41 гласач.[14] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia