Селото главно е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 9 километри.[3]
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 139 хектари, на шумите отпаѓаат 77 хектари, а на пасиштата 70 хектари.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]
Селото е средно по големина, но со значителн пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година имало 434 жители, од кои 426 биле Турци, пет Албанци и двајца жители Македонци, а во 1994 година бројот се зголемил на 753 жители, од кои 631 Турчин, 109 Македонци и 13 останати.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Мал Папрадник броело 486 жители, од кои 25 Македонци, 455 Турци и 6 останати.[10]
Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 169 жители, од кои 5 Македонци, 125 Турци, 2 останати и 37 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Мал Папрадник е торбешко (македонско-муслиманско село).[16]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото:
Македонски родови:
Муслимански родови:
Староседелци:Скендеровци (15 к.).
Доселеници:Нуровци или Тосковци (7 к.), доселени во 1825 година од селото Праленик; Корановци (9 к.), доселени во 1840 година од селото Голем Папрадник; Фератовци со Мазниковци (28 к.), доселени во 1855 година од селото Праленик; Имеровци (1 к.), доселени во 1856 година од селото Отишани во Голо Брдо, подалечно потекло од селото Тучепи во албанскиот дел од Голо Брдо; Шкретовци (2 к.), доселени во 1850 година од селото Мелани крај Пешкопеја во долен Дебар, предците им биле православни; Головци (5 к.), доселени во 1865 година од селото Коџаџик, таму припаѓале на родот Голалар, во селото зборат на македонски; Мерсијовци (1 к.), доселени во 1918 година од селото Житинени.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
↑ 3,03,13,23,33,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 71.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.