Селото главно е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 10 километри.[3]
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,7 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 144,9 хектари, на шумите отпаѓаат 104,2 хектари, а на пасиштата само 9,6 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има фабрички погон, работат продавници и угостителски објекти.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]
Голем Папрадник е големо село, етнички мешано, и со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 897 жители, од кои 527 биле Турци, 328 Албанци и 41 Македонец, додека во 1994 година биле попишани 962 жители, од кои 736 биле Турци, 203 Македонци и 11 Албанци.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Голем Папрадник броело 840 жители, од кои 30 Македонци, 799 Турци, 1 Албанец и 10 останати.[9]
Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 443 жители, од кои 22 Македонци, 11 Албанци, 329 Турци, 1 Бошњак, 1 останат и 79 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Голем Папрадник е торбешко (македонско-муслиманско село).[15]
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото:
Македонски родови:
Муслимански родови:
Староседелци:Емровци (2 к.), Метовци (2 к.), Грушовци (4 к.), Данчевци (2 к.), Зенговци (5 к.), Палеушовци (3 к.), Лимановци или Селовци (1 к.), нивниот род бил пред изумирање, но го продолжил Село од Новак, кој бил од турско потекло. во овој род се зборува сега македонски, Исовци (3 к.), Чичовци (5 к.), Имеровци (4 к.), Дуровци (3 к.), Деаровци (5 к.), Пирденовци (4 к.), Аџовци (8 к.), Зунчевци (4 к.), Кадријовци (6 к.), Змејовци со Алијовци, Тафовци, Селовци и Ѓоркутовци (21 к.).
Доселеници:Гутковци (18 к.), потекнуваат од предок доселен од селото Коџаџик во 1818 година, сега во овој род се говори македонски; Баулевци (7 к.) доселени во 1829 година од селото Коџаџик, и во овој род сега се говори македонски; Маловци (3 к.), доселени се околу 1830 година од некое село во Тиквешкиот регион и Рафмановци (3 к.), доселени се во 1900 година од селото Кочиште.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 0562 и 0562/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месната заедница.[16]
↑ 3,03,13,23,33,4Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 71.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑ 1,01,11,2Податоците за населеното место Власиќи, согласно важечката територијална организација, во пописите од 1948, 1953 и 1961 година се вклучени во податоците за населеното место Голем Папрадник.