Осолница
Осолница — раселено село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на падините на планината Стогово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 700 метри.[2] До селото води земјен пат, кој се исклучува од локалниот асфалтен пат за селото Праленик, кој пак се издвојува од регионалниот пат 2249. ИсторијаСамо 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 4,9 км2.[2] Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 40 домаќинства со 34 жители христијани (Македонци) и 63 муслимани (Турци).[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Осолница живееле 330 жители, од кои 130 жители христијани Македонци и 200 муслимани Турци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Осолница имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци и 50 Турци.[7] Селото е наполно раселено по 1991 година, кога што броело тројца жители, турско население.[2] Според пописот од 2002 година, селото Осолница немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиОсолница е турско село, а порано во него живеело македонско православно население.[13] Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
ИселеништвоДо 1954 година од селото се иселиле преку 20 семејства во Турција, сите се населиле во градот Адапазар.[13] Од Македонците до 1954 година има иселеници во Видин, Скопје (населбата Ѓорче Петров), Белград, Софија, Солун, Цирих, Тетово, Петрич, Битола, Дебар, Кочани.[13] Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Осолница било село во Дебарската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0567 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Праленик.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 165 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 187 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia