Долгаш
Долгаш — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар. Географија и местоположбаОва мало село се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, чиј атар на една страна се допира со подрачјето на Општина Дебар, а на друга страна со подрачјето на Општина Струга.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 825 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 21 километар, додека од регионалниот пат Дебар-Струга (Р1201) е оддалечено 2,4 километри.[2] Селото лежи на западните падини на планината Стогово. Сместено е високо од левата страна над Долгашка Река. Низ селото поминува регионалниот пат 2249, кој кај хидроцентралата „Глобочица“ се спојува со регионалниот пат 1201. ИсторијаСамо 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3] СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,7 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 283,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 155,3 хектари, а на обработливото земјиште само 19,6 хектари.[2] Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.[2] Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 4 домаќинства со 14 жители христијани (Македонци) и 7 муслимани (Турци).[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долгаш живееле 140 жители, од кои 30 жители Македонци христијани и 110 Турци муслимани.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долгаш имало 24 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци и 150 Турци.[7] Селото е мало и во 1961 година броело 30 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 117 жители, турско население.[2] Според пописот од 2002 година, селото Долгаш броело 123 жители, сите Турци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 143 жители, од кои 135 Турци и 8 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиДолгаш е турско село.[14] Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
ИселеништвоДо 1954 година од селото имало иселеници во Турција (8 семејства), и тоа во Шамди близу Анкара, Аксер, Бурса, Паламуд, Истанбул и Измит.[14] Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Долгаш било село во Дебарската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната општина Евла, која била составена од селата Долгаш, Евла и Елевци. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0571 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 98 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 110 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia