Ракле се наоѓа во источниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, на југоисточните падини на планината Бабуна. Селото е планинско и се простира на надморска височина од 700 м. Неговиот атар зафаќа површина од 13,7 км2.[2]
Селото има мешовита земјоделска функција. Во селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 828 ха, на шуми отпаѓаат 407 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 317 ха.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ракли се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 90 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Ракле било средно по големина село според незначителните промени во бројот на население. Така, во 1961 година броело 269 жители, а во 1991 година бројот се намалил на 17 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото има само 7 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Поповци (1 к.) доселени се од селото Никодин: Трипуновци (1 к.) доселени се од селото Попадија: Пемовци (1 к.) доселени се од селото Мрамор: Миновци-Карасановци (1 к.) доселени се од селото Никодин: Голевци (1 к.) доселени се од селото Попадија: Чеповци (1 к.) доселени се од селото Тројаци:Колевци (1 к.) доселени се од селото Топлица.[12]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.