Мрамор (село)За други значења на поимот, погл. Мрамор (појаснување).
Мрамор — историско село во Тиквешко, во областа Раец, во атарот на денешното село Раец, Општина Кавадарци. Селото се наоѓа на границата на Општина Кавадарци со Општина Прилеп. Денес, од селото е зачуван само Мраморскиот манастир со својата црква. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓало на широкото дно на Сув Дол, на северната огранка на Кобиларник. Чешмите биле над селото и било од разреден тип.[2] Селото се наоѓало во областа Раец, на десниот брег на истоимената река, западно од истоименото село. До селото води земјен пат, кој започнува кај Дреновска Клисура со двоење од А3. Месности во атарот на некогашното село биле Илимица, Страње, Горна Лојза, Голеш, Грипа, Преслап, Прогањите и Мечкина Пештера.[2] ИсторијаНајстар пишан податок за Мрамор е дека во 1519 година, селото имало 13 семејства и 3 вдовици. Во 1573 година, селото имало 21 семејство и 18 неженети. Под селото во минатото се наоѓала железничка станица „Мрамор“.[2] СтопанствоСеланите се занимавале со земјоделство и сточарство. Со приходите од сточарството ги откупиле куќите и нешто земја, додека на останатите ниви работеле како чифлигари. Бегови кои ја поседувале земјата биле Мефајил-ага од Прилеп и Џевџет Мустафа-бег Ќеримбеговиќ од Кавадарци.[2] Население![]() Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 година, Мрамор (Mramor) се води како село со 41 домаќинства и 185 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, Мрамор имал 233 жители, сите Македонци христијани.[3][5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[6] РодовиМрамор било македонско село. Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото биле:[2]
ИселеништвоОд крајот на XIX век, многу население избегало во Прилеп.[2] Самоуправа и политикаВо XIX век, Мрамор било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство. Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia