Кесендре
Кесендре (понекогаш: Ќесендре) — раселено село во областа Раец, во Општина Кавадарци. Географија и местоположба![]() Кесендре се наоѓа во крајниот западен дел на Општина Кавадарци, од десната страна на реката Раец, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Прилеп.[2] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 670 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 23 километри.[2] До селото води локален земјен пат, кој започнува во селото Раец. Селото се наоѓа на рамнината во северното подножје на Кобиларник, лево и високо над долината Курит. Тука се наоѓаат селската чешма и изворот Глава, а нешто подалеку од селото, под отсекот на Бурински Рид, има врел извор од кој потекува Желишка Река.[3][4] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Преслап, Борински Рид, Кобиларник и Грбавечка Кула.[3] Селото има збиен тип. Се состои од четири маала: Горно, Чумбарово, Златево и Ковевско Маало.[3] ИсторијаПодрачјето на Кесендре е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта југоисточно и североисточно од селото.[5] Селото е основано во почетокот на XIX век во атарот на средновековното село Желиште (на турски: Девол Касабаси), уништено од Османлиите во една буна во средината на XVIII век. Урнатините на Желиште се наоѓаат до изворот на Желишка Река. Кај изворот се наоѓа и наоѓалиштето Црквиште, кое пак е остаток од населба со некропола од доцната антика, и каде се најдени грчки натписи.[3][4] Селската црква „Св. Димитриј“ е подигната во 1896, а иконите се изработени во 1898 година.[6] Во текот на 1970-тите бројот на жители почнал нагло да опаѓа поради раселување во околните места и градот Кавадарци, за да биде целосно напуштено во некаде во 1990-тите.[4] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 10,5 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 948 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 74 хектари, а на пасиштата отпаѓаат само 21 хектар.[2] Главно занимање на жителите било земјоделството и сточарството. Во текот на отоманскиот период тие работеле на своја земја.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кесендре живееле 155 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кесендре имало 136 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9] Кесендре е мало сео, на пат да се расели. Така, во 1961 година селото броело 230 жители, а во 1994 година само девет жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, селото Кесендре немало ниеден жител.[10] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКесендре е македонско село. Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:[3]
ИселеништвоДенес, во селото нема жители. Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Кесендре било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Кесендре се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Раец, во која влегувале селата Кесендре, Раец и Фариш. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0696 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница во селото Раец.[15] Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia