Желиште
Желиште[2] или Желишта[3] — историско село на територијата на Општина Кавадарци, денес во атарот на селото Кесендре.[2] ГеографијаСелото се наоѓало во областа Раец, кај изворите на Желишка Река. Лежело западно под падината на Бурински Рид, јужно од селото Кесендре.[2] ИсторијаСелото е доста старо. За првпат се спомнува во грамота на феудалните владетели Јован Драгаш и Константин Драгаш од 1378 година: и єштє приложихъ оу Тиквєшоу... сєло Полошко,... сєло Жєлишта.[3] Турците го нарекувале „Девол Касабаси“. Уништено е од османлиска војска во една буна во средината на XVIII век. Преживеаните жители се преселиле претежно во Кесендре. Во 1920-тите во с. Никодин е забележан родот Новоселци (9 куќи) кој се доселил од Желиште.[4] Кај изворот на Желишка Река е наоѓалиштето Црквиште каде има населба и некропола од доцната антика.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia