Гарани
Гарани — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 840 метри. Од градот Кичево е оддалечено 5 километри.[2] Гарани се наоѓа на западните падини на планината Челоица. Куќите на ова село се наоѓаат на западните падини на Голи Рид, на височина од околу 900 метри. Околни села се: Стрелци, Шутово, Крушица и други.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Голем Камен, Породин, Голем Рид, Три Лединки, Мусас, Копиде, Ливада Кочас, Гробишта, Плошти, Ѓури Исаку, Подишта, Кауѓер, Штогу, Ѓура, Дојче, Кодра, Ара От и Вешти.[3] Селото има збиен тип. Куќите на родовите се групирани и се наречени по нив, како што се: Етоски, Кумовци, Мужаковци и други.[3] ИсторијаПо предание кое се споменува во селата Премка и Светораче, Гарани најпрвин било македонско село. Тогаш било наречено Горани. За тоа говорат и топонимите во селото, но и слаби траги од старини. Вакви траги има во планинскиот дел на атарот во месноста Црквица. Во селото постојат и стари христијански гробишта.[3] Првите Арбанаси започнале да се населуваат кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век од областа Мат во Северна Албанија. Најпрвин дошол некој овчар од таму, а подоцна пристигнале и други. При арбанашкото доселување, Македонците започнале да се иселуваат. Поради тоа, името на селото, но и некои топоними, биле поалбанчени.[3] Со доселувањето, но и со самиот наталитет, селото Гарани брзо растело. Затоа, Арбанасите од ова село кон средината на XIX век започнале да се населуваат во тогашното македонско село Стрелци. Поради ова преминување, бројот на куќи во Гарани започнал да се намалува со текот на времето.[3] Според Тома Смиљаниќ, Гарани претставувало само крај на поголемото село Стрелци, каде се населиле Арбанасите. Од ова село е озлогласениот Ислам Гарана, кој убил стотина христијани во областите на Битола, Кичево и Крушево.[4] Во XIX век, Гарани било село во Кичевската каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот е мошне мал и зафаќа простор од само 2,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 136,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 48,7 хектари, а на обработливото земјиште 44,3 хектари.[2] Селото, во основа, нема развиена аграрна функција.[2] Население
Според податоците од 1873 година, селото Гарани (тогаш познато како Барни) имало 80 домаќинства со 200 жители муслимани.[5] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 470 жители, сите Албанци.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[7] Гарани во 1961 година броело 322 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 519 жители, исклучиво албанско население.[2] Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Гарани, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1] Според пописот од 2002 година, во селото Гарани живееле 542 жители, од кои 541 Албанци и 1 Македонец.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 17 Албанци и 10 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГарани е албанско село.[3] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Мужаковци (8 к.), Етовци (7 к.), Кумовци (6 к.), Летниковци (4 к.), Велиовци (4 к.), Љукручевци (2 к.), Љошовци (2 к.) и Кочовци или Коче (2 к.), сите овие родови потекнуваат од предци доселени од областа Матија во северна Албанија кои се населиле на крајот од XVIII и почетокот од XIX век. Во родот Летниковци се знае следното родословие: Садин (жив на 62 г. во 1961 година) Сеадин-Сали-Бајрам-Алим, предокот кој се доселил. Инаку во Гарани многу од населението има и „торбешка крв“ затоа што често носеле жени од селото Пласница, а во Гарани се памти и некоја жена од Србица, која до крајот на својот живот го знаела мајчиниот македонски јазик. Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[4]
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Гарани, се наоѓале и селата Арангел, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Ново Село, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци, Црвивци и Шутово. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Стрелци, заедно со селата Гарани, Лазаровци, Мамудовци, Премка, Стрелци и Шутово. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0794 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 450 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Во минатото во селото постоел црковен храм.[4]
ИселеништвоОд селото имало многу иселувања, особено во селото Стрелци. Таму целосно се иселил родот Уковци. Од Гарани се иселиле и родовите Оломановци (7 к.) и Фетолочи (4 к.) во кичевските села Премка и Жубрино.[3] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia