Парабола за бисерот![]() Парабола за бисерот — една од кратките алегориски приказни на Исус, која ја споредува големата вредност на Небесното Царство со бисер. Запишана е во канонското Евангелие според Матеј и во неканонското Евангелие според Тома. Овие две верзии донекаде се разликуваат. Кај Матеј, параболата за бисерот веднаш ја следи параболата за скриеното богатство, која има слична тема. ПараболаСпоред МатејЕвангелието според Матеј ги цитира следниве Исусови зборови:
Според ТомаЕвангелието според Тома ги цитира следниве Исусови зборови:
ТолкувањаОваа парабола обично се толкува како илустрација за големата вредност на Небесното Царство (бисерите во тоа време имале многу поголема вредност од денес ), и затоа има заедничка тема со параболата за скриеното богатство. Скапоцениот бисер е „животна зделка“ за трговецот во параболата. Меѓутоа, неговата трговија подразбира откажување од сите други добра. Затоа, оние кои не веруваат доволно во небесното царство за да ја стават целата своја иднина на него, не се достојни за царството. Во апокрифните Дела на Петар и дванаесетте апостоли, пронајдени заедно со Евангелието по Тома во библиотеката Наг Хамади, постои приказна за патувачкиот трговец со бисери за кој на крајот се открива дека е Исус. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia