Парабола за пријателот на полноќ![]() Парабола за пријателот на полноќ (или прабола за тврдоглав сосед) — една од познатите новозаветни Исусови алегориски параболи. Параболата зборува за човек кој е без сочувство, но на крајот попушта пред барањата на упорниот сосед за да не му досадува повеќе. Наравоучение на параболата е дека треба да се биде истраен во молитвата и никогаш да не се откажува. Оваа парабола се наоѓа во новозаветното евангелие според Лука (11: 5-8). ПараболаЕвангелието според Лука ја пренесува следната Исусова парабола:
ТолкувањаВо продолжение на Евангелието по Лука, самиот Исус го разјаснува значењето на неговата алегориска парабола, објаснувајќи дека истрајноста во молитвата вродува со плод:
Џоел Грин смета дека воведната фраза („кој од вас има пријател?“) треба да се разбере во смисла на „дали можеш да замислиш таков пријател?“, (или „има ли таков пријател?“), и дека нејзината намера е да се добие одговор „не!“, бидејќи ниту еден пријател не би одбил помош во таква ситуација.[2] Во секој случај, Исус заклучува дека иако пријателството не е доволен мотив, сепак ќе добиеме помош барем поради упорност и досада.[2] Оваа алегорична приказна за Исус е поттик за молитва до неговите ученици. Параболата за неправедниот судија има слично наравоучение. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia