Забележена е во канонските евангелија според Матеј, Марко и Лука, како и во неканонското евангелие според Тома. Во евангелијата според Матеј и Лука, таа веднаш и претходи на параболата за квасецот, со која ја споделува темата за растот на Небесното Царство од мали зачетоци.
31. И друга парабола им кажа, кога рече: „Царството небесно прилега на зрно синапово, кое човек го зема и посеа на нивата своја;
32. тоа е најмало од сите семиња, но, кога ќе израсне, поголемо е од сите растенија, па станува дури и дрво – така што птиците небески долетуваат и застануваат на неговите гранки.”
30. Пак продолжи: „Со што да го споредиме царството Божјо, или со каква парабола да го прикажеме?
31. Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите семиња земни;
32. а кога се посее, израснува и станува поголемо од сите растенија, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат птиците небески.”
18. А Он рече: „На што прилега царството Божјо и со што да го споредам?
19. Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува големо дрво; па и птиците небески си прават гнезда на неговите
гранки.”
Царството небесно е како синапово зрно, најмалото од сите семиња; но кога ќе падне на обработлива земја, расте и станува засолниште за птиците небесни.
— Евангелие според Тома, изрека 20
Толкувања
Синапово стебленце.
Растението за кое се зборува во параболата се смета дека е црн синап[4], големо едногодишно растение високо до три метри што расте од пословично мало семе (чија маленѕавост се користи како алегорија и на други места, во Матеј 17:20 и Лука 17 : 6). Според рабински извори, Евреите не го одгледувале ова растение во бавчите[4], што е во согласност со описот на Матеј за раст во поле. Лука, напротив, вели дека синапот расте во бавча, што се објаснува со прилагодување на параболата за слушатели надвор од Палестина.[4]
Во стварноста, стеблото на синап тешко може да послужи како гнездо за птици, па се верува дека Исус намерно го пренагласил ова во својата аналогија.
Во оваа парабола има и „субверзивен“ елемент, кој се гледа во брзиот раст на растението синап, што го прави „малиген плевел“ со „опасни својства за ширење“. Плиниј Постариот во 1 век од нашата ера пишува дека синапот е исклучително добар за здравјето и забележува:
Расте потполно див, иако се подобрува со пресадување: но од друга страна, откако ќе се засади, тешко се ослободува од него, бидејќи семките што паѓаат веднаш извртуваат.[5]
Царството Небесно е исто така сеприсутно, како и плевелот, што може да биде уште еден пример за Исусовата употреба на сатира.[6]