Парабола за загубената овца![]() Парабола за загубената овца — една од најпознатите Исусови приказни. Приказната зборува за овчар кој изгубил една овца, а тој ги остава сите други за да ја најде. Оваа приказна влијаела на идејата за Исус како добар пастир.[1] Приказната е запишана во канонските евангелија според Матеј (18:12–14) и Лука (15:3–7), како и во неканонското евангелие според Тома (Изреди 107). Евангелието според Лука содржи уште две слични параболи за губење и искупување, параболата за загубената драхма и параболата за загубениот син, која Исус ја раскажува откако свештениците го обвиниле дека се дружи со „грешниците“.[2] ПараболаСпоред МатејЕвангелието според Матеј ја раскажува следнава Исусова парабола:
Според ЛукаЕвангелието според Лука ги цитира следниве зборови на Исус:
Според ТомаЕвангелието според Тома ја запишува следната верзија на приказната:
ТолкувањаОваа приказна дели заедничка тема со две други слични приказни за загуба и пронаоѓање: приказната за загубената драхма и приказната за загубениот син. Загубена овца или паричка претставува загубено човечко суштество. Во оваа аналогија, Исус е пастир, кој се поистоветува со ликот на Бог како пастир што ги бара загубените овци во Езекил 34: 11–16.[2] Џоел Грин смета дека овие споредби се првенствено за Бога и нивната цел е да ја покажат „природата на божествениот одговор на враќањето на загубениот“.[5] Радоста на пастирите ја претставува радоста Божја, што е спротивно на укорот на верските водачи на кои им е упатена оваа проповед.[5] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia