6. И ја кажа оваа парабола: „Некој човек имаше во своето лозје посадено една смоква, па дојде да бара од неа плод, и не најде.
7. Тогаш му рече лозарот: »Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата?«
8. А тој му одговори и рече: »Господаре, остави ја и оваа година, дури да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре;
9. па, ако роди, добро; ако ли не, тогаш в година ќе ја пресечеш«.”
Во Исусовото време во лозјата често се саделе смокви.[2] Смоквата била исто така вообичаен симбол на Израел, така што смоквата може да го претставува Израел во оваа приказна,[3] или може да се однесува посебно на неговите верски водачи.[2] Вообичаеното толкување е дека сопственикот на лозјето го претставува Бога, а лозарот Исус.[3] Поентата на параболота е дека Исус им нуди на своите слушатели последна прилика за покајание.[2]
Оваа парабола често се поврзува со некоја подоцнежна случка, кога Исус проколнал јалово смоквино дрво да се исуши.[4]