Икона што го прикажува Христос како сејач, Романија.
Парабоала за сејачот — една од најпознатите Исусовиалегориски приказни. Станува збор за сејач кој фрла семе наоколу (на пат, на карпа, меѓу трње) и најголемиот дел од семето се губи. Меѓутоа, мал дел од семето паѓа на добра почва и повеќекратно раѓа.
Оваа приказна е запишана во канонските евангелија според Матеј, Марко и Лука, како и во неканонското евангелие според Тома.
Парабола
Параболата започнува така што Исус еден ден излегол од домот и седнал покрај морето, а околу него се собрало мноштво луѓе. После тоа, тој се качил на лаѓата и држел проповед, додека народот стоел на брегот.[1]
3. И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее;
4. и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот, долетаа птици и ги исколваа.
5. Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, оти земјата не беше длабока.
6. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, како да немаа корен, се исушија.
7. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.
8. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод: едно сто, друго шеесет, а друго триесет.
9. Кој има уши да слуша, нека чуе!”
4. и се случи, кога сееше, едни зрна да паднат покрај патот, па долетаа птиците небески и ги исколваа.
5. Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу изникнаа, оти
земјата не беше длабока;
6. а кога изгреа сонцето, тие свенаа, па како немаа корен, се исушија.
7. Некои паднаа во трње; и израсна трњето, и ги задуши, и не дадоа плод.
8. А други паднаа на добра земја и почнаа да даваат плод, што израсна и узреа; и принесоа; кое триесет, кое шеесет, кое сто.”
9. И им рече: „Кој има уши да слуша, нека чуе!”.
5. Излезе сејач на семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше изгазено, и птиците небески го исколваа;
6. а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, оти немаше влага;
7. едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши;
8. а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.” Откако го рече ова, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!”
По завршување на проповедта, Исус им дал толкување на оваа парабола на своите ученици. Кога го прашале зошто им зборува на луѓето во параболи, Исус одговорил: „ Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на оние што се надвор во параболите“ (Марко 4:11). Зашто тие „гледајќи не гледаат, а слушајќи не слушаат, ниту разбираат“ (Матеј 13:11-13). Кога учениците го замолиле да го објасни значењето на параболата, тој одговорил:
„
И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите приказни?[2]
“
Потоа Исус им ја објаснил параболата за сејачот:
Според Матеј
Матеј го наведува следното толкување на Исусовата парабола за сејачот:
18. Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот:
19. при секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа лукавиот и го граби посеаното во срцето негово; ете, тоа означува посеаното покрај патот.
20. А посеаното на камен е оној, што го слуша словото и веднаш со радост го прима;
21. но нема во себе корен и е непостојан: настане ли жалост или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
22. Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижите од овој свет и примамливото богатство го задушуваат словото и тоа останува без род.
23. А посеаното на добра земја е оној, што го слуша словото и го разбира, и дава плод: еден сто, друг шеесет, а друг триесет.”
— Евангелие според Матеј, 13:18-23
Според Марко
Марко го наведува следново толкување на Исусовата парабола за сејачот:
15. Посеаното покрај патот ги означува оние, кај кои се сее словото, но при кои, откако го чујат, веднаш доаѓа сатаната и им го граби словото, посеано во срцата нивни.
16. Исто така и посеаното на каменито место ги означува оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат,
17. но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога настане жалост или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат.
18. Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото,
19. но грижите за овој век, примамливото богатство и други желби, кои, кога се вселат во нив, го задушуваат словото и тоа останува бесплодно.
20. А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го примаат и принесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.”
— Евангелие според Марко, 4:15-20
Според Лука
Лука го наведува следното толкување на Исусовата парабола за сејачот:
11. А оваа парабола значи: семето е словото Божјо.
12. Она, што падна покрај патот, се оние, кои слушаат; но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат;
13. а она на камен – се оние, кои кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое време, па штом дојдат искушенија, тие се откажуваат;
14. тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние, што го слушаат словото, но кога отидат, се подаваат на грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод;
15. а оние на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце, и принесуваат плод со трпение.” Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!
Повеќето проучувачи веруваат дека оваа Исусова парабола изворно е оптимистичка, бидејќи и покрај сите неуспеси, семето на крајот успева, пушта корен и дава голем принос.[3]
Има и такви кои се прашуваат дали појаснувањето во канонските евангелија првично било Исусово или било вметнато подоцна.[4] Некои веруваат дека Исус зборувал во алегориски параболи затоа што не сакал сите да го разберат, туку само неговите следбеници.[5] Тие веруваат дека е неопходно однапред да се има вера во Исус, инаку Исус нема да ги просветли туку само ќе ги збуни.[6]
Понекогаш параболата се толкува во смисла дека постојат неколку нивоа на спасение: Иринеј верува дека постојат разлики помеѓу небесните живеалишта на оние кои произведуваат стократно, оние кои произведуваат шеесеткратно и оние кои произведуваат триесеткратно.[7]
Според толкувањето на Мормонската црква, „зборот“ ги претставува сите канонски евангелија, кои не ги прифаќаат сите со иста посветеност:
„
Параболата јасно говори каде лежи одговорноста за царството Божјо и прифаќањето на Евангелието. Тоа не е во сејачот или во семето, туку во „почвата“, срцето на човекот.[8]