Парабола за немилосрдните лозари

Синедрионот во Ерусалимскиот храм .

Парабола за немилосрдните лозариалегориска парабола на Исус за лозарите кои ги тепаат и убиваат работниците испратени од сопственикот на лозјето, а на крајот го убиваат и неговиот син.

Оваа парабола била насочена против првосвештениците и фарисеите и била изговорена пред Синедрионот во ерусалимскиот храм неколку дена пред смртта на Исус.

Запишана е во канонските евангелија според Матеј (21:33-46), Марко (12:1-12) и Лука (20:9-19), како и во неканонското евангелие според Тома (изрека 65).

Парабола

Исус ја одржал следната проповед пред насобраниот народ и првосвештениците на Израел:

1. „Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ископа бунар и соѕида кула; и, откако им го предаде на лозарите, си отиде.

2. А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето.

3. Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен.

4. И пак испрати при нив друг слуга; и нему, со камења, му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен.

5. Испрати и друг; него, пак го убија, и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија.

6. Па, како имаше и еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле и него при нив, велејќи: „Ќе се засрамат од сина ми.“

7. Но лозарите си рекоа помеѓу себе: „Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.“

8. И како го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.

9. Што ќе направи, пак, господарот на лозјето?

— Евангелие според Марко, 12:1-9 [1]

На Исусовото прашање, свештениците одговориле: „ „Злочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари, што ќе му ги даваат плодовите навреме.”[2] Тогаш Исус им рече: „Затоа ви велам дека царството Божјо ќе се земе од вас и ќе се даде на народ, што ги принесува неговите плодови.“ Кога свештениците сфатиле дека оваа парабола е насочена против нив, сакале да го нападнат, но се плашеле од народот, кој го Исус сметал за пророк.

Контекст

Работниците во парабола велат: „Дојдете, да го убиеме синот, и наследството ќе биде наше.“ Во времето на Исус, работниците честопати наследувале напуштени имоти, бидејќи ако сопственикот немал наследници, работниците имале право на земјата.

Општата рамка на приказната може да биде непосредна историска референца на Сенахириб, кралот на Асирија, околу 700 години претходно. Сенахириб го освоил Вавилон за време кога Езекија, бил крал на Јуда, и поставил неколку владетели на градот, и сите биле соборени. Конечно, го испратил својот син и наследник, Асур-Надин-шуми, да владее, но по кратко време и тој бил убиен. Конечно, самиот Сенахириб отишол во Вавилон и го срушил градот камен по камен.

Толкувања

Лозјето било метафора за библиската земја Израел.

Исус го започнал своето обраќање до свештениците на Синедрионот со опис на лозје што се наоѓа кај старозаветниот пророк Исаија: „Тој го огради и го исчисти од камења, насади во него одбор од лозови прачки, изгради кула во средината негова, направи големи крбли; очекуваше да роди добро грозје, а тоа роди диво грозје.“ (Исаија 5:2) Употребата на лозје како метафора за Израел била вообичаена во верскиот дискурс од тоа време.

Според вообичаеното толкување на параболата, немилосрдните лозари се свештениците, сопственикот на лозјето е Бог, слугите што ги испраќа се пророците, а синот е Исус. Идентитетот на „другите“ на кои ќе им се даде лозјето е нејасен, но тие обично се сметаат за новата христијанска заедница. Производот од лозјето може да биде метафора за добрата произведени од народот, кои владата ги задржува за себе. Така, параболата обично се толкува како Бог (сопственикот) постојано испраќа пророци (слуги) да собираат грозје, што се симболи на доброто. Свештениците (закупците), сепак, одбиваат да ги почитуваат пророците и наместо тоа им нанесуваат штета на еден од друг полошо од претходниот, сакајќи сè поголема контрола врз Израел (лозјето) за себе. Но, кога конечно ќе го убијат синот, Бог (сопственикот) ќе го поништи нивното право врз Израел (лозјето) и ќе им го даде на следбениците на Исус (другите). Така, Исус ги критикува еврејските свештеници за отфрлање на Божјата волја.

Во верзијата на Матеј се споменува и каменувањето на третиот слуга, што не е случај во другите верзии. Каменувањето може да се однесува на смртта на христијански маченици, можеби на смртта на Јаков Праведниот. Во Матеј, исто така за разлика од другите, самите свештеници одговараат на прашањето на Исус за тоа што ќе им направи господарот на лозарите кога ќе се врати (тие му велат: „Злочинците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари“), по што сфаќаат дека тие се лозарите.

Христијанскиот епископ Иренеј Лионски ја искористил оваа парабола за да ја брани врската помеѓу Исус и еврејскиот бог, во во расправата со Маркион, кој тврдел дека богот на Исус е различен од богот на Стариот завет.[3]

Некои подоцна ја злоупотребиле оваа Исусова парабола за да го оправдаат антисемитизмот, префрлајќи ја одговорноста од еврејските водачи на сите Евреи, иако сите толкувања се согласуваат дека таа била насочена против првосвештениците, а не против народот.

Наводи

  1. „Свето евангелие според Марко“. Свето писмо. Посетено на 27 јули 2025.
  2. Матеј 21:41
  3. Adversus Haereses, Book 4, Chapter 36 Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) , Приступљено 24. 4. 2013.

Надворешни врски


Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya