Парабола за загубената драхма![]() Парабола за загубената драхма — алегориска приказна на Исус за жена што има десет сребрени драхми и губи една, по што таа ја пребарува целата куќа барајќи ја. Параболата е запишана само во новозаветното Евангелие според Лука (15:8–10), каде што се наоѓа заедно со две други слични параболи за загуба и искупување: Параболата за изгубената овца и Параболата за блудниот син. Сите три параболи се насочени против фарисејските свештеници што го обвинуваат Исус за дружење со „грешници“. ПараболаВо Евангелието според Лука се запишани следниве зборови на Исус:
ТолкувањаЏоел Грин забележува дека жената е опишана како сиромашна селанка и дека десетте сребрени драхми „веројатно ги претставуваат заштедите на семејството“. Овие парички може да го претставуваат и миразот на жената, што се чува како украс.[2] Упорното барање на жената може да го претставува делото на Исус или Бог.[2] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia