Парабола за фарисејот и цариникот![]() Парабола за фарисејот и цариникот (или парабола за фарисејот и даночникот) — една од познатите Исусовите алегориски приказни која се наоѓа во Евангелието по Лука. Параболата прикажува фарисејски свештеник, кој се фали со своите доблести, наспроти собирач на данок кој понизно му се моли на Бога за милост. Оваа приказна ја нагласува потребата од скромна молитва. ПараболаЛука пренесува дека Исус им ја кажал следнава приказна на некои кои биле убедени дека се праведни и ги презираат другите луѓе:
ТолкувањаВо текот на 1 век, фарисеите биле познати по нивното строго почитување на Мојсеевиот закон. Фарисејот во оваа приказна е уште поревносен од своите пријатели, пости почесто отколку што е потребно, дава десеток на сѐ што ќе добие, дури и во случаи кога верските правила не го налагаат тоа.[2] Уверен во својата праведност, фарисејот не барал ништо од Бога и затоа не добил ништо.[2] Од друга страна, публиканите (јавните службеници кои работеле за Рим) биле презрени Евреи кои соработувале со Римското Царство. Бидејќи биле најпознати по собирањето патарини и даноци, тие обично се опишуваат како цариници или даночници. Меѓутоа, оваа приказна не ја осудува нивното занимање (види и Лука 3:12-13), туку ги опишува како „ја признаваат својата состојба на недостојност пред Бога и ја признаваат својата потреба за помирување“.[2] Доаѓајќи кај Бога со понизност, даночникот ја добива милоста и помирувањето што ги барал“.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia