СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола
СОУ„Јосип Броз-Тито” во Битола — една од најстарите образовни институции од современ трип на просторите на Македонија, со големо реноме и почит. Таа е првата гимназија во ослободена Македонија во која на 6 февруари 1945 година почнува да се изведува настава на македонски јазик. Секоја година во училиштето настава посетуваат околу 800 ученици. Основање и развојПочетокот на нејзиното постоење се врзува со периодот на Османлиското Царство, на крајот од XIX век. Зградата во која денес работи ова средно училиште е изградена во 1882 и била приватна куќа на Сали-паша, богат земјопоседник. Тој во 1892 за 600 златни турски лири ја продал куќата на општината, а таа ја претворила во полна гимназија, во која наставата се изведувала на турски јазик. Во неа учеле исклучиво машки деца, и тоа од побогатите турски семејства во градот. За потребите на гимназијата биле носени професори од Солун. Балканските војни донеле промена на власта во Битола, а со тоа и во битолската гимназија. По заземањето на градот од страна на српската војска, во ноември 1912 година, српските власти ова училиште целосно го промениле и наставата започнала да се одвива на српски јазик. Со мали паузи во периодот на најжестоките борби во Првата светска војна, оваа гимназија продолжила да работи како српска сѐ до 1941 година, односно до почетокот на Втората светска војна. Значењето на ова училиште е уште поголемо, поради тоа што меѓу двете војни во Македонија имало само две средни училишта, во Скопје и Битола, поради политиката на денационализација што српската власт ја спроведувала на овие простори. По поразот на Југославија и окупацијата на Македонија, новата бугарска власт гимназијата ја претвора во полна гимназија, во која се предава на бугарски јазик. Најголем дел од професорите кои предавале во гимназијата биле донесени од Бугарија. Битолската гимназија има особено место во историјата на македонскиот народ и поради тоа што таа е првото средно училиште во кое започнала настава на македонски јазик. Тоа се случило на 6 февруари 1945, во период кога сѐ уште траеле борбите во Втората светска војна. ![]() Претходното име на гимназијата било „Гоце Делчев”, но во 1952 година со одлука на Наставничкиот совет името е променето во „Јосип Броз Тито”, а тоа име го носи денес. ШколувањеПроектни активности
Изборни предмети за II годинаИзборни предмети за III годинаПриродно-математичко подрачје - Комбинација АПриродно-математичко подрачје - Комбинација БЈазично-уметничко подрачје - Комбинација А
Јазично-уметничко подрачје - Комбинација БОпштествено-хуманистичко подрачје - Комбинација АОпштествено-хуманистичко подрачје - Комбинација БУчество на натпревариОсвоени награди
Познати личности кои учеле во ова училиште
Членови на МАНУВо СОУ Гимназија Јосип Броз-Тито со средно образование се здобиле 18 членови на Македонска академија на науките и уметностите од кои четворица биле и основоположници:
Познати личности кои предавале во ова училиште
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia