Владимир Костов
Владимир Костов (Битола, 22 септември 1932 — Битола, 3 јануари 2023) — писател на кратка проза и романи, писател за деца и млади. ЖивотописВладимир Костов е роден во Битола на 22 септември 1932 година. Основното и средното (гимназија) образование ги завршил во родниот град и во 1951 година се запишал на Филозофскиот факултет, група Југословенска книжевност, на “Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1955 година дипломирал по што се вработил во Радио-драмата на Радио Скопје.[1] Во 1956 година се враќа во родниот град и почнува да работи како професор по македонски јазик во Средното ветеринарно училиште. Во 1964 година бил избран за професор на Педагошката академија во Битола, каде работел сè до своето пензионирање. Во 1957 година, Владимир Костов бил еден од основачите на КУД „Илинден“ и негов долгогодишен уметнички директор. Во 1963 година се појавува и како еден од основачите на литературното списание „Развиток“ каде бил долгогодишен главен и одговорен уредник. Во 1977 година станува член на Друштвото за наука и уметност во Битола, во 1983 година член на Друштвото на писателите на Македонија, a од 1988 година член е и на Асоцијацијата на независните писатели на Македонија. Во 2016 година избран е за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.[2] Починал на 3 јануари 2023 година во Битола.[3][4] ТворештвоТворештвото на Владимир Костов е големо по обем и разновидност. Се занимавал со истражување и проучување од областа на јазикот, литературата и писателската дејност. Објавил поголем број трудови од оваа област, меѓу кои се:
Неговите први книжевни творби датираат од неговите гимназиски денови, а прва објавена книга му била романот „Лица со маски“ (1967). Неговото творештво е обемно, има објавено 18 романи, 10 збирки новели и раскази и 8 книги за деца и млади. Објавил и 2 драми. Пишува и проза за млади. Неговите дела амбиентално и тематски се поврзани со настани од историјата и современиот живот на Битола. Неговото творештво е застапено во програмата по македонски јазик за средните училишта, како и во повеќе антологии и едиции како:
Повеќе негови дела се драматизирани:
ДелаРомани
Раскази и новели
Книги за деца и млади
Награди
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia