Википедија:Викиекспедиции

„Викиекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Викиекспедиции — проект на Википедија на македонски јазик, спроведуван од здружението на граѓани Споделено знаење во периодот 2015-2023 и од здружението на граѓани Викимедија МКД од 2024 година.

Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии за градовите, селата, географските области и особености во областите низ целата територија на Македонија на македонски јазик од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението.

Критериуми за избор на област

Областите што се опфатени со проектот се избрани врз основа на два критериума:

  • број на статии на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со областа;
  • број на различни фотографии на Ризницата на теми поврзани со областа.

Список на викиекспедиции

2015

Во текот на 2015 година биле организирани вкупно шест експедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Неготино со околината, извештаите од двете еднодневни експедиции може да ги прочитате тука;
  2. Кратово со околината, извештаите од двете еднодневни експедиции може да ги прочитате тука;
  3. Мариово, извештајот од оваа уникатна дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  4. Мијачија, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  5. Општина Ранковце, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
  6. Општина Градско, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука.

2016

Во текот на 2016 година биле организирани шест експедиции од вкупно планирани шест експедиции со кои биле опфатени следниве области:

  1. Лакавичко, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  2. Железник, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  3. Дебрца, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  4. Преспа, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  5. Злетовско-пробиштипско, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
  6. Малешевија, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.

2017

Во текот на 2017 година биле организирани пет викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Козјачија и Средорек, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  2. Бојмија, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  3. Порече, извештајот од оваа тродневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  4. Рекански регион, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
  5. Општина Кавадарци, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.
Забелешка: Иако на почетокот биле планирани шест експедиции, на крајот биле спроведени пет експедиции, додека експедицијата за областа Пијанец била преместена за спроведување во 2018 година.

2018

Во текот на 2018 година биле организирани пет викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Пијанец, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  2. Азот, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  3. Дримкол, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  4. Копачка, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
  5. Раец, извештајот од оваа еднодневна викиекспедиција може да го прочитате тука;

2019

Во текот на 2019 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Славиште, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  2. Општина Могила, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  3. Охридско, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
  4. Општина Долнени, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;

2020

Во текот на 2020 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Кичава и Рабетинкол, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  2. Осоговија, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  3. Плачковица и долина на Брегалница, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
  4. Овче Поле, извештаите од двете еднодневни експедиции може да ги прочитате тука.

2021

Во текот на 2021 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Повардарие, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  2. Битолско Мариово и Селечка Планина, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  3. Бушева Планина и Прилепско Поле, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
  4. Јуруклак и Радовишко Поле, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.

2022

Во текот на 2022 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Осоговски Планини и Манговица, извештајот од оваа тродневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  2. Дебарско (Општина Дебар и Општина Центар Жупа), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  3. Горни Полог, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
  4. Кумановско, извештаите од двете еднодневни експедиции може да ги прочитате тука.

2023

Во текот на 2023 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Јужна Македонија (Дојранско и Валандовско), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  2. Битолско Поле и Баба, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  3. Кочанско Поле, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука; и
  4. Тиквеш, извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.

2024

Во текот на 2024 година биле организирани четири викиекспедиции со кои биле опфатени следните области:

  1. Штипско (Општина Штип), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  2. Долини на Бабуна и Тополка (Општина Чашка), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука;
  3. Долен Полог (Општина Тетово и Општина Брвеница), , извештаите од двете еднодневни експедиции може да ги прочитате тука; и
  4. Прилепско Мариово (Општина Прилеп), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.

2025

Во текот на 2025 година се планирани четири викиекспедиции:

  1. Подгорје и Огражден (Општина Ново Село и Општина Босилово), извештајот од оваа дводневна викиекспедиција може да го прочитате тука.

Поврзано

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya