Кала (месечина)
Кала (старогрчки: Καλή) или Јупитер XXXVII — неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 2001 година од страна на астрономите Скот Шепард, Дејвид Џуит и Џен Клијна, и првично била означена под името S/2001 J8[1][2]. Кала има пречник од околу 2 километри, а кружи околу Јупитер на просечно растојание од 22,409 Gm во 685,324 дена, со наклон од 165 ° до еклиптика (166 ° до Јупитеровиот екватор), во повратна насока и со орбитално занесување од 0,2011. Таа била именувана во август 2003 година според една од грациите, ќерки на Зевс (Јупитер). Кала е сопруг на Хефест според некои автори. Таа припаѓа во т.н. Кармина група, составена од неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 23 до 24 гигаметри и наклон од околу 165 °. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia