Мнема (месечина)![]() Mneme (старогрчки јазик: Μνήμη), позната и како Јупитер XL — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриен е од страна на екипа на астрономи Хавајскиот универзитет предводена од Скот Шепард ми други во 2003 година, и привремено била означена како S/2003 J 21.[1][2] Мнема е со пречник од 2 километрио, и е во орбита околу Јупитер на растојание од 21,427 Gm со период од 640,769 денови, со наклон од 149° во однос на еклиптиката (148° во однос на Јупитеровиот екватор)во повратна насока и со занесување од 0,2214. Просечната орбитална брзина изнесува 2,43 km/s. Именувана е во март 2005 година според Мнема, една од првичните музи.[3] Поинекогаш погрешно се поистоветува со Мнемозина, мајката на музите (трите или деветте, во зависност од авторот), ќерки на Зевс (Јупитер). Мнема припаѓа на Ананкината група, и е повратна неправилна месечина која кружи околу Јупитер на растојание меѓу 19,3 и 22,7 Gm, со наклон од 150°. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia