Темисто (месечина)
Темисто (старогрчки: Θεμιστώ) или Јупитер XVIII — мала неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 1975 г. но подоцна изгубена и повторно пронајдена во 2000 г. ОткривањеМесечината првпат е откриена од американските астрономи Чарлс Ковал и Елизабет Ремер на 30 септември 1975 г.[3] и добила ознака S/1975 J 1. Меѓутоа, поради недоволно набљудување, нејзината орбита останала неутврдена и подоцна се изгубила од вид. Во 2000 г. астрономите Скот Шепард, Дејвид Џуит, Јанга Фернандес и Ежен Мање откриле навидум нова месечина, и ѝ ја дале ознаката S/2000 J 1. По извршените проверки, утврдено е дека работи за месечината откриена во 1975 г.[4] Ова забележување веднаш се довело во врска со набљудувањето од 6 август 2000 г. направено од Брет Гледман, Џон Кавеларс, Жан Марк Пети, Ханс Шол, Метју Холман, Брајан Марсден, Филип Николсон и Џозеф Бернс, пријавено во Центарот за мали планети, но необјавено во службеното гласило.[5] Во октомври 2002 г. месечината е официјално наречена по Темисто,[6] ќерка на речниот бог Инах и љубовница на Зевс (Јупитер) во старогрчката митологија. ОсобеностиОрбитата на Темисто е необична по тоа што кружи сама наместо во групи, како највеќето Јупитерови месечини. Се наоѓа на половина пат меѓу Галилеевите месечини и првата група напредни неправилни месечини наречена Хималиина група. Има пречник од 8 км (претпоставувајќи албедо од 0,04).[1] Со тоа, нејзината површина изнесува некаде меѓу 200 и 380 км2. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia