Хелика (месечина)![]() Хелика (старогрчки: Ελίκη) или Јупитер XLV — месечина на Јупитер. Откриена е од група астрономи од Универзитетот во Хаваи под водство на Скот Шепард во 2003 година и му била дадена привремената ознака S/2003 J 6.[1][2][3] Хелика има пречник од околу 4 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 20,54 милиони киолемтри, правејќи круг за 601,402 дена со наклон од 155° кон еклиптиката (155° кон Јупитеровиот екватор) во спротивна насока со занесување од 0,1375. Просечната орбитална брзина на месечината изнесува 2,48 км/сек. Месечината своето име го добила во март 2005 година по Хелика, една од нимфите во старогрчката митологија кои го одгледувале Зевс во неговите рани години на островот Крит.[4] Хелика припаѓа на широкораспространетата Пасифаина група. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia