Мегаклита (старогрчки: Μεγακλειτή) или Јупитер XIX — месечина на Јупитер. Откриена е во 2000 г. од екипа астрономи од Хавајскиот универзитет под водство на Скот Шепард и ја добила првичната ознака S/2000 J 8.[5][1][6]
Месечината има пречник од 6 км и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 24.687.000 км за 747,09 дена. Има наклон од 150° кон еклиптиката (148° кон Јупитеровиот екватор), повратна насока и занос од 0,308.
Името го добила во октомври 2002 г. кога е наречена по Мегаклита, љубовница на Зевс (Јупитер) и мајка на Теба и Локро во старогрчката митологија.[7][8]
Ѝ припаѓа на Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,7 Гм со наклони од 144,5° до 158,3°. Меѓутоа, додека Пасифаја е сива (B−V=0,74, V−R=0,38, V−I=0,74) по боја, Мегаклита е светлоцрвена (B−V=0,94, V−R=0,41, V−I=1,05) слично на Калироја.[9]
↑ 2,02,1„M.P.C. 115890“(PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 27 август 2019.
↑Sheppard, Scott. „Scott S. Sheppard - Jupiter Moons“. Department of Terrestrial Magnetism. Carnegie Institution for Science. Посетено на 26 ноември 2020.