Средновардарска носија

Средновардарската носија се носела во рамките на Средновардарската етнографска подгрупа. По своите типски одлики носиите од Средновардарската подгрупа, со пределските целини: Бабуна, Тиквеш, Овче Поле, Кочанско Поле, Штипско Поле со Лакавица, делови од Злетовско-кратовско поле, Радовишко Поле и Струмичко поле се издвојуваат и разликуваат од носиите во Брсјачката и Горновардарската етнографска целина.

Региони

Во составот на Средновардарската етнографска подгрупа влегуваат носиите од следниве региони:

Заеднички карактеристики

Овие носии, лесни и едноставни, со мал број облековни елементи, ги издвојуваме во посебен тип. Отсуството на везбена декорација, живи бои и едноставно украсување се главната одлика на носиите од овие предели. Повеќето од носиите имаат многу заеднички елементи но истовремено, покажуваат влијанија од соседните етнографски области. Така, на пример, употребата на скутината во машката облека асоцира на врска со Прилепско Поле и Мариово, додека други носии преку материјалите, декоративните елементи и начинот на изработка откриваат сличности со носиите од Шопско-Македонската, Струмоместанската и делови од Јужно-Македонската етнографска целина. Кај носиите од овој регион, долната облека — и машка и женска — обично била изработена од бело платно или кенарлија со пруги, додека горната облека најчесто била направена од шарена волнена ткаенина како алаџа или антерија. Употребата и имињата на овие ткаенини претставуваат турско-ориентално културно влијание, пренесено преку присуството на турското население во овие краишта, и во градските, и во руралните средини. Богатата употреба на украсни елементи како сорки, цуцки, киниња и слично — плетени во духот на турските техники — дополнително ја потврдува оваа културна поврзаност. Везењето било слабо застапено и, доколку го има, стилски значително се разликува од традиционалниот вез карактеристичен за Западна Македонија. Во некои населени места по течението на Вардар, како Тиквеш, Велешко и Гевгелиско, под влијание на урбаната култура што продирала преку Солун, традиционалните форми на носиите биле многу рано напуштени.[1]

  1. Здравев, Ѓорѓи (2005). Македонски народни носии. Скопје: Матица македонска. стр. 126–127. ISBN 9989-48-584-4.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya