Струмско-местанска носија

Струмско-местанска носија — народни носии од источниот дел на Македонија, односно пределите околу реките Струма, Струмица и Места, вклучувајќи го Пиринскиот крај што денес се наоѓа во Република Бугарија и Егејскиот, кој се простира на југ до Егејско Море на територијата на Република Грција.

Региони

Во составот на Струмско-местанската етнографска целина влегуваат носиите од следниве региони:[1][2]

Заеднички карактеристики

Во овој дел на Македонија спаѓаат повеќе предели со повеќе видови народни носии, кои се одликуваат со голема разновидност, со поголеми или помали регионални и локални специфичности.[1]

Долните делови (кошули и гаќи) речиси секогаш се изработувале од домашно, бело платно (ленено, конопено или памучно), понекогаш и од пругасто платно - кенари. Белиот памучен материјал долго време бил користен како главен материјал за изработка на белата саја - најкарактеристичната летна женска облека. Во минатото, белата боја доминирала кај горните женски и машки облеки од волнена ткаенина. Меѓутоа, од средината на 19 век, тие почнале да се прават од волнена ткаенина во црна, темно сина, темно црвена, морова или виолетова боја. Сината боја исто така се користела за некои платнени облеки, како што се сината риза во Драмско и сината саја во Петричко, Светиврачко-Санданско, Мелничко.

Под влијание на турската култура на облекување, некои горни облеки биле изработувани од пругасти ткаенини како алаџа и антерија, од домашно или фабричко производство.

Машките носии биле многу едноставни, додека женските, особено невестинските, биле богати со многу делови и украси, при чија изведба се користеле различни текстилни техники. Карактеристично било носењето на некои женски горни облеки со превртени поли, што претставувало регионален белег. Значајни се и богато украсените гашти со долги ногавици во Неврокопско, кои веројатно биле турско влијание. Украсувањето вклучувало многу монистри и впечатлив масивен сребрен накит.[3]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Томовски, Крум (1996). Етнологија на Македонците. Скопје: МАНУ. стр. 155. ISBN 9989-649-25-1.
  2. Здравев, Ѓорѓи (2005). Македонски народни носии. Скопје: Матица македонска. стр. 154–180. ISBN 9989-48-584-4.
  3. Здравев, Ѓорѓи (2005). Македонски народни носии. Скопје: Матица македонска. стр. 154–155. ISBN 9989-48-584-4.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya