Џинџос (грчки: Σιτοχώρι, Ситохори; до 1928 г. Τζίντζος, Ѕинѕос[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населено е со погрчени Власи, наречени Карагуни, во изворите често нарекувани Грци.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало во војните, таа година имало само 63 жители, но во 1920 г. во него се заведени 854 лица.[8] Според Тодор Симовски, во 1924 г. во Џинџос биле сместени 26 грчки дојденци.[8] Во 1928 г. селото е е преименувано во Ситохори.[9] Истата година во селото се попишани 1.114 жители.[8]
Населението се одржало стабилно сè до 1960-тите кога почнало забележително иселување во поголемите градови.[8]
Месности во Џинџос преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN954-8187-21-3.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 847.