Сајта
Сајта (грчки: Λαγκάδι, Ланкади; до 1927 г. Σαϊτά, Сајта[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 132 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се ноаѓа во северните падини на Орсова Планина, околу 8 км југоисточно од општинскиот центар Нигрита, на надморска височина од 410 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСелото првично било сместено на неколку километри јужно од денешната местоположба, во пазувите на Орсова Планина. Од ова село денес е зачувана црквата „Успение на Пресвета Богородица“ од 1730 г.[4] Во XIX век Сајта било грчко село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сајта (Saïta) имало 35 домаќинства со 118 жители Грци.[5] Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Сајта:
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Сајта имало 150 жители Грци.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сајта имало 210 Грци и во селото работело грчко училиште.[9] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 187 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 195 лица.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Ланкади (Λαγκάδι).[2] За време на Граѓанската војна (1947-1949) селото наполно настрадало и било напуштено од своите жители, поради што во пописот од 1951 г. е заведено како напуштена населба. По крајот на војната селото е подигнато околу 3 км северозападно од старата местоположба.[3] СтопанствоНаселението одгледува компири, жито и други земјоделски производи, како и костени, со кои обилува ридско-планинскиот атар на селото. Внимание му се посветува и на сточарството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1928 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 15 квадратни километри.[3] Општината Сајта подоцна била приклучена во општината Хункос, која била укината во 1997 година и станала дел од општината Тахино, која во 2011 година станала дел од поголемата општина Визалтија. Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Хункос, во кој влегува и селото Хункос. Културни и природни знаменитостиЦркви
Наводи
Забелешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia