Бајрактар (село)
Бајрактар или Бајрактар Маала (грчки: Φλάμπουρο, Фламбуро, до 1923 г. Μπαϊρακτάρ, Бајрактар[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. ГеографијаСелото се наоѓа во Серското Поле, јужно од Сер. Лежи во источното подножје Богданска Планина, на околу 7 км источно од Нигрита. ИсторијаВо минатото селото било чифлик со колиби каде работеле претежно ромски семејства.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бајрактар Маала (Bairaktar mahla) имала 42 домаќинства на 130 жители Роми и Черкези.[4] Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Бајрактар имал 70 жители, сите Роми.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Baïraktar-Mahala) живееле 300 Роми.[8] За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 151 жител.[3] Непосредно пред Првата светска војна во Бајрактар биле доведени поголем број грчки колонисти од Тракија, поради што во 1920 г. селото веќе имало 615 жители. Во понатамошниот период Бајрактар доживеал подем, па во 1928 г. во него се попишани 745 лица.[3] Во 1951 г. е изградена црквата „Св. Јован Претеча“.[9] Населението продолжило да расте сè до 1970-тите, кога почнало тренд на намалување кој трае до денес. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia